Со ребалансот обезбедени субвенциите за вградување плински уреди во возилата
Со ребалансот на Буџетот се обезбедени проектираните 15 милиони денари за субвенционирање на граѓаните кои сакаат да вградат уреди на течен нафтен гас, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши е убеден дека, по донесувањето на ребалансот, пратениците ќе ја усвојат оваа мерка која, како што рече, е од интерес за сите.
-Министерството за економија има дополнителни средства. Го усвоивме веќе Законот за возила од каде произлегуваат нови мерки што треба да ги спроведеме. Како институција, речиси сто отсто ја имплементиравме нашата Програма, а во наредниот период, откако ќе биде усвоен ребалансот, ќе почнеме да ја спроведуваме и новата мерка која се однесува на субвенционирање трошоци за вградување плински уреди, рече министерот на прес-конференција во Владата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата

