Со проверени сили против Лихтенштајн и Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација е на чекор до целта, а тоа е првото место во групната фаза од Д-дивизијата за што се потребни барем 4 бода од следните две средби со Лихтенштајн во Скопје и Ерменија на гости.
Селекторот Ангеловски пред новинарите изјави дека секогаш бара од играчите да го дадат максимумот но и дека најважен од се е резултатот. Можеби натпреварот со Лихтенштајн ќе донесе победа во допадлива игра:
„На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња. На позицијата трет голман се враќа Шишковски на позицијата трет голман, Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ориентирани сме на првата средба. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме кадешто застанавме. Очекувам да го добиеме Лихтенштајн, со допадлива игра да запишеме нови три бода“, изјави Ангеловски.
Средбата со Лихтенштајн се игра на 13-ти Октомври на Филип Втори додека 3 дена подоцна е гостувањето во Ерменија. Македонија досега одигра две средби во групата и освои максимални 6 бода во групата во која се уште и Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар