ОН со проценка за драматичен за пад на населението на Западен Балкан до 2050
Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.
Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.
Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.
Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.
ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.
Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион