Со премиера на „Театар љубов моја“, Велешкиот театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес в понеделник со премиерата на претставата „Театар љубов моја“ на малата сцена ќе го одбележи Светскиот ден на театарот - 27 Март.
Како што информира на денешната прес-конференција уметничкиот директор на театарот Васил Зафирчев претставата е работена по текст на бугарскиот автор Валери Нисимов Петров, а во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димовски.
Зафирчев појасни дека драмата „Театар љубов моја“ е напишана во 1981 година од бугарскиот поет, драматург, сценарист и преведувач Валери Нисимов Петров за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова и првпат е изведена истата година.
- Последен пат е поставена минатата година во Софискиот „Тетар 199“ во изведба на четири актерки, а со четири актерки ќе се игра и во Велешкиот театар што воедно е и праизведба на оваа претстава во Македонија, појасни Зафирчев.
Режисерот Деан Дамјановски истакна дека ова е текст за весела и тажна претстава, која е изградена како беседа на две актерки, односно сега четири со публиката.
- Во претставата тие се обраќаат кон публиката или меѓу себе, со помош на аудио технологијата и актерските средства разигруваат епизоди од театарскиот и животот воопшто. Тоа се четири различни актерки, четири различни генерации, сензибилитети на сцената, која претставува актерска „грамиорна“ - место каде актерите се шминкаат и преоблекуваат, но и место каде се раѓаат митовите и легендите за театарот, појасни Дамјановски.
Актерката Кица Ивковска изрази задоволство што со наменската претстава „Тетар љубов моја“ ја заокружува својата театарска кариера и од есен оди во пензија.
- Сиот мој живот е љубовта кон театарот и не секој го има тоа задоволство. Јас нема да раскажувам за мојата ролја, туку ја поканувам публиката тоа да го погледне, рече Ивковска.
Во претставата освен Ивковска играат и актерките Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Сашко Костов.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје