-->
-->
Со помош од навивачите до нови победи
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година е на чекор до одличен резултат и со две победи во последните две кола на домашен терен ќе го освои едно од првите две места во групата и со тоа може да обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство во Полска следната година. Затоа потребна им е и поддршка од навивачите на овие решавачки дуели. Првиот натпревар избраниците на селекторот Благоја Милевски го играат во вторник на Националната Арена „Филип Втори“ против Северна Ирска.
Приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите од поплавените подрачја во скопскиот регион. Со секоја купена влезница се донираат 100 денари за #Skopje и воедно се дава поддршка на младата репрезентација на Македонија. Билетите можат да се купат на штандот на ФФМ во Скопје Сити Мол и во продажната мрежа на МК Тикетс, секако и на он-лајн продажба.
Денеска во Градскиот парк ќе биде отворена фан зона на ФФМ, до 17 часот каде освен забавно - рекреативни содржини ќе има можност и да се купат билети за натпреварот. На 5 - 6.септември фан зоната ќе биде активна на Плоштад Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
