Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев одбележан 23 Октомври
Делегации на Собранието, на Владата и на кабинетот на претседателот на државата денеска положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, одбележувајќи го Денот на македонската револуционерна борба.
Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација, изјави дека без македонските револуционери е незамислив континуитетот на ослободителната борба која резултирала со создавање на сопствена држава.
Македонската револуционерна организација, рече Ковачевски, се наметна како движечка сила преку која се организираа сите прогресивни сили без разлика на идеолошката провиниенција.
– Денес Македонија и нејзиниот мултикултурен карактер не може да бидат разбрани без да се има предвид историјата, мисијата и дејноста на Македонската револуционерна организација чии идеи за македонска држава беа остварени во 1944 година. Затоа чествувањето на Гоце Делчев треба да не обединува како што обединуваше неговото дело насекаде каде што дејствуваше, порача Ковачевски.
Освен во Скопје, Денот на македонската револуционерна борба се одбележува и во Богомила каде делегации ќе положат цвеќе во Спомен куќата на Петар Поп Арсов.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа