Со поетски митинг „Стихови за душата“ заврши 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“
Во Домот на култура „Илинден“ синоќа се одржа централниот настан на 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“, поетскиот митинг „Стихови за душата“.
Беа претставени стиховите на 26 автори од Македонија и балканските држави. Меѓу нив, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Ристо Василевски и Миќо Цветиќ од Србија, Марија Атлиман од Бугарија, Божидар Брезничак Багола од Хрватска, потоа Весна Ацевска, Георги Барбаровски, Кристина Николовска, Стојан Тарапуза, Филип Клетников, Игор Крајчев, Фима Клетникова, Кире Неделковски, Марина Мијаковска, Ленче Милошевска, Билјана Станковска, Виолета Танчева Златева, Мирјана Тренчева, Анита Бошкова, Ели Маказлиева, Ивана Величковска Боцеска, Васо Николовски Вселенов и македонско-хрватската поетеса, Љерка Тот Наумова.
Поетскиот митинг го отвори покровителот на Литературната манифестација „Илинден 2018“, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој истакна дека е среќен што ја има честа да го отвори овој празник на пишаниот збор - поетскиот митинг „Стихови за душата“.
- Се чувствувам прекрасно кога се наоѓам во друштво со писатели и книги, со толку многу врвни имиња во областа на литературата, во областа на поезијата, литературни творци кои ја пишуваат историјата на македонската поезија и проза. Вистина се гордеам што сум денес на ова место, се гордеам што благодарејќи на вас општина Илинден, оваа седмица е центар на културата во нашата земја и регионот, центар на македонската и балканската поезија, истакна градоначалникот Стојановски.
Додаде дека културата и традицијата се белег на нашето постоење и значаен симбол на културниот идентитет на секој народ. Затоа, развојот на културата и негувањето на културните вредности e еден од важните сегменти во работењето на општина Илинден и претставува голем предизвик и поттик за наше што поголемо ангажирање на локално ниво.
- Литературната манифестација „Илинден“ е само дел од активностите што Општина Илинден ги презема во насока на развој и негување на културните и образовни вредности. Создадена пред 19 години, оваа денес препознатлива манифестација, ја остварува својата цел - интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања. Преку Литературната манифестација „Илинден“ се остварува нашата намера да ја приближиме книгата до секој поединец, книгата да стане дел од животот на секој од нас. Пред се, затоа што со секоја прочитана книга стануваме побогати. Побогати со нови знаења, нови искуства, нови идеи, нови можности, додаде тој.
На присутните им се обрати и претседателот на собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Христо Петревски, кој му се заблагодари на градоначалникот и на општина Илинден што толку години по ред успешно реализираат една ваква голема манифестација која дава голем придонес во негувањето на пишаниот збор.
- Ова не е локална манифестација, не е ни републичка, туку меѓународна. Во името на вистината, во името на поезијата и во името на оваа прекрасна манифестација ви благодарам за вашето присуство и верувам дека ќе минеме уште една убава и не само убава, туку и продуховена поетска, литературна, книжевна вечер и нека се множат културните настани во општина Илинден. Друштвото на писателите на Македонија секогаш ќе биде присутно кога ќе не повикате, истакна Христо Петревски.
На сите учесници во манифестацијата градоначалникот им додели признанија за особен придонес во афирмацијата на културниот развој на општина Илинден.
Ново на Сител
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено