Со пиштол - запалка ограбувале трафики и аптеки низ Скопје - двајца разбојници фатени на дело
Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево во Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ж.М.(33) и Д.Т.(39) поради постоење на основано сомнение дека сториле шест кривични дела, од кои четири кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви согласно член 237 од КЗ на РМ и две кривични дела „Разбојништво во обид“ предвидени и казниви согласно член 237 в.в со член 19 од КЗ на РМ.
Имено, на 18-ти овој месец во близина на продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ со намера да извршат кривично дело затекнати се пријавените лица, по што се лишени од слобода. При преглед над пријавените пронајдени се еден пиштол-запалка и други предмети што ги користеле при извршување на кривичните дела.
По преземени мерки и извршен разговор со приведените, тие ги признале делата и го појасниле начинот на извршување на шесте кривични дела за кои е поднесена кривична пријава.
Кривичните дела се извршени во текот на ноември и декември годинава, кога пријавените со закана со пиштол извршиле разбојништво во две трафики (тобако) лоцирани на булевар „Климент Охридски“ и улица „11-ти Октомври“ како и во четири аптеки лоцирани на булевар „Кочо Рацин“, улица „Вангел Тодоровски” и две на улица „Васил Главинов“, сите во Скопје.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи