Со пиштол се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница
Дваесет и четиригодишник од Боговиње и неговиот татко се приведени во полиција затоа што вчера синот со пиштол и се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница. Настанот се случил на Гинеколошкото оддление каде медицинската сестра извршила наплата на болнички услуги кои претходно ги користела неговата сопруга.
-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 45 минути, ги лишиле од слобода Ф.Ш.(24) и А.Ш.(48), двајцата од тетовско Боговиње откако 15 минути претходно во ходникот на Гинеколошкото одделение Ф.Ш. извадил пиштол и упатил закани кон медицинска сестра, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.
Од 24-годишникот бил одземен гасен пиштол „Екол алп“, калибар 9 милиметри со празна рамка. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството