Свет
8. February 2021 - 18:21

Со нова мутација на коронавирусот се заразиле вакцинирани во дом за стари лица во Германија

Штитеници во домот за стари лица Санкт Мариен во германскиот град Белм се заразиле со британската мутација на коронавирусот откако ја добиле и втората доза на вакцината на Фајзер/Бионтек.

Домот за стари лица ја поминал целата криза во коронавирусот без заразени, сè до почетокот на февруари, кога била утврдена британската мутација, дури и меѓу ревакцинирани штитеници.

Сите во тој дом биле ревакцинирани, но откако секојдневниот брз тест кај една негувателка бил позитивен, било утврдено дека и 14 штитеници се заразени со британската мутација.

Сите штитеници ја примиле втората доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на 25 јануари и не е јасно кога се заразиле.

Штитениците немаат тежок облик на болеста и претежно се асимптоматски.