Со низа настани ќе се одбележи Неделата на детето

Под мотото „Детски права во свет без предрасуди“ од денеска до петок низ неколку градови во Македонија ќе бидат организирани повеќе настани во рамки на Неделата на детето.
Настаните во кои ќе бидат вклучени четириесеттина деца од различна националност ќе се одржат во Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово и Кавадарци.
Настаните ги организираат Советот за превенција од малолетничка деликвенција од Кавадарци, Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, Хуманитарното здружение Мајка од Куманово и Центарот за едукација и развој од Теарце во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА и со поддршка на Детската фондација Песталоци.
Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
