Со мотоцикл покоси 4 девојки: Лаура (18) загина од ударот, а дошла со другарките на летување во Далмација

Пијано малолетно момче (16) со мотоцикл во Стариград кај Пакленица покоси 4 девојки кои шетале. Лаура Б. (18) починала во болница неколку часа по несреќата.
Уште две девојки и тинејџер се повредени.
Малилетниот возач кој немал ниту возачка дозвола доаѓајќи од правец на Ријека, поминал на спротивната страна и ги покосил девојките кои оделе по тротоарот, соопшти полицијата.
Четирите девојки кои настрадале во несреќата дошле на летување и се од Нашице и на возраст од 16, 17 и 18 години. Трагично загината Лаура со години со семејството летувала во Стариград, како и нејзините три пријателки.
Тие вчера рано утрото се враќале кога на нив налетал пијаниот мотоциклист. Две девојки се полесно повредени и хоспитализирани, додека Лаура починала неколку часа по несреќата.
Тинејџерот имал 1.8 промили алкохол во крвта после несреќата. Работата да биде полоша, возел мотоцикле КТ 200 без возачка дозвола. Наводно се работи за мотоцикл на неговиот татко. Тој е полесно повреден, а по пуштањето од болница ќе биде приведен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
