Со мотика била искршена таблата „Цар Борис Трети“ - Сторителот сам се пријави во полиција
47 годишниот охриѓанец кој ја оштетил таблата со натпис на клубот на бугарското здружение Цар Борис Трети може да се гони само по по приватна тужба од здружението. Лицето не е приведено бидејќи само се пријавило во полициската станица од каде велат дека извршен бил разговор, при што е констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла.
(Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба-)информираат од СВР Охрид
Извори од истрагата за Сител потвдруваат дека охриѓанецот со мотика свесно со намера ја оштетил таблата и си заминал ,немало никакви конфликти или било какви фашистички извици по што делото го пријавил .Како што дознаваме станува збор за мала материјална штета .
Министерството за надворешни работи вчера излезе со соопштение во кое најостро го осуди настанот и го нарече вандалски чин додека пак од охридската полиција соопшти дека веднаш по добиеното известување за скршената табла, извршиле увид на местото на настанот.
Инаку Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ беше отворен во петокот, во Трговскиот центар Амам во Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар