Македонија
23. July 2026 - 16:44

„Сувото одлагалиште“ ја заштитува средината - светски експерти го поздравуваат рударскиот метод кој е најавен и во проектот во Иловица

Методот „суво одлагалиште“ се смета за една од најзначајните иновации во современото рударство кога станува збор за заштита на еколошките системи. За разлика од традиционалните, таканаречени „влажни“ јаловишта кои изгледаат како огромни езера полни со течна кал, вода и опасни материи, кај сувото јаловиште важат поинакви правила. Наместо кал, се добива сув материјал сличен на влажен песок или земја, кој може лесно и безбедно да се транспортира и складира.

Во обемната анализа „Модерна одржливост на рударството: Интегрирана рамка за технолошки иновации“, објавена во специјализираното научно списание ScienceDirect, светските експерти јасно потенцираат дека глобалниот индустриски стандард за управување со јаловина воспоставува строги упатства за безбедноста. Во студијата се наведува: „Сувото редење на јаловината и отстранувањето на јаловината во јамата се истражуваат како методи за намалување на ризикот. Намалувањето на генерирањето јаловина уште во изворот е технолошко решение кое директно се справува со еколошките прашања.“

Во Македонија, компанија која најави дека ќе го имплементира овој најсовремен метод е „Еуромакс Ресоурцес“, инвеститорот во рудникот за бакар во Иловица. Во нивното писмо до Министерството за животна средина, тие појаснија дека традиционалните одлагалишта содржат околу 50% цврсти материи, додека примената на сувото одлагалиште овозможува густина од дури 90% цврст материјал и само 10% вода.

Како што истакнуваат од компанијата: 
Еуромакс Ресоурцес„Со примена на оваа нова технологија ќе се добијат значајни придобивки за локалната заедница: намалување на загубите на вода од рудникот, намалување на вкупниот опфат на одлагалиштето и подобрување на рекултивацијата.“
„Нашиот проект вклучува создавање на одлагалиште на јаловина со поголема густина (со содржина од околу 65% цврсти материи), што е подобрување за разлика од традиционалното одлагалиште на јаловина кое содржи приближно 50% цврсти материи. Во текот на изминативе години, преку примената на „суво“ одлагалиште на јаловината (со содржина од околу 90% цврсти материи или 10% вода) се подобри методот на таложење на јаловината. Намалените оперативни трошоци комбинирани со посигурна технологија го направија ова производство да биде изводливо за операции од големи размери како што е и проектот Иловица-Штука“, напишаа инвеститорите.

Светските експерти заклучуваат дека како што светот преминува кон обновлива енергија и електрични возила, побарувачката за критични метали како бакар, никел и литиум ќе се зголеми дури четирикратно до 2040 година. Поради тоа, самата индустрија мора фундаментално да се промени.

Како што се додава во студијата: 

„Оваа дихотомија е формулирана како улога на рударството во овозможувањето на транзицијата кон чиста енергија, а воедно се осигурува дека самото рударство станува почисто,односно дека 'зелените минерали се експлоатираат на зелен начин'.