Со концерт на „Света Злата Мегленска“ почнува фестивалот „Златна лира“

Со концерт на камерниот хор „Света Злата Мегленска“ под диригентската палка на Летка Димовска Полизова вечерва во Музејот на Град Скопје ќе биде отворено 11-то издание на фестивалот „Златна лира“, во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија.
На програмата, како што е најавено, се дела од Скаловски, Иванов, Запров, Брајант, Верди, Грахам, Шуплевски, Стојков, Зографски, Гајдов и Прокопиев.
На програмата на 18 октомври се македонските млади уметници Анастасија Грговска-виолина и Бојан Илковски-пијано, на 21 октомври концерт ќе одржи интернационалниот состав Линда Хедлунд-виолина и Доменико Дел Гуидиче-гитара, на 24 октомври концерт ќе има Скопскиот дувачки квинтет, а на 25 октомври рецитал ќе има младата пијанистка Мимоза Кеќа. На затворањето на фестивалот на 26 октомври ќе настапат Момчило Куфојанакис-виолина и Весна Ангелова-пијано.
На фестивалот ќе бидат врачени и наградите на „Златна лира“ на Страшо Темков за едногодишни успешни настапи и на сопранката Марија Наумовска Муратовска за животно дело.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
