Со „Клеопатра“ примабалерината Мијалкова ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј

Со балетскиот спектакл „Клеопатра“ вечер во Македонската опера и балет, примабалерината Александра Мијалкова ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј од уметничката дејност.
Кореограф на „Клеопатра“ е Василиј Медведев, музиката, која е специјално напишана за оваа претстава, е на литванката Нерија Голдберг, костимите и сценографијата на Павел Јураш, а Станислав Фечо е асистент на режија.
Носител на улогата на Марко Антоние во претставата е првенецот Бобан Ковачевски, Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Октавија е Марија Кичевска Шокаровска, Змијата е Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан - Киро Павлов и Аполодор - Дојчин Дочев од (Бугарија). За оваа претстава ангажиран е целиот ансамбл на балетот, хорот и операта.
Мијалкова изрази задоволство што има можност 25 - годишниот јубилеј да го круниса со едно грандиозно балетско дело и во улогата на „Клеопатра“.
- Беше предизвик повторно да работам со тимот на меѓународни реномирани уметници како што се кореографот Василиј Медведев чии претстави се играат во Бољшој театарот, Државниот театар Берлин, како и на многу други сцени во светот, Станислав Фечо, истакнат педагог, репетитор и кореограф, Павол Јураш познат по својата креативност и идејни решенија во претставите и композиторката Нерија Голдберг, чија музика е наменски напишана за балетот, рече на неодамнешната прес-конференција Мијалкова.
Клеопатра, главната хероина, последната царица на Египет, како што кажа примабалерината, со нејзината убавина, женственост, мистериозност е инспиративна, инвентивната кореографија која што е во неокласичен стил, стилски обликувана, изразена преку пластични движења. И овозможува да ја истакне мојата индивидуалност, креативност и танцов сензибилитет.
Кореографот Василиј Медведев од Русија рече дека на оваа претстава, како што кажа, секојдневно работат околу 400 луѓе и оти на сцената ќе има околу 150 луѓе, а музиката е специјално направена за „Клеопатра“.
- Како што Клеопатра триумфално влезе во Рим, нашата Клеопатра триумфално ќе влезе во Скопје, како наследничка на Александар Македонски, рече Медведев.
Претходно Медведев со Мијалкова работеше во претставата „Дамата со камелии“.
Премиерата на балетскиот спектакл Клеопатра беше закажан за 17 ноември, но поради технички причини одложена за вечер. Продадени се билетите и за следниот термин, а заинтересираноста за спектаклот, според МОБ, е голема.
Ново на Сител
-

По воведувањето на визи речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора, затворена 31 турска компанија
-

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работи
-

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот
-

Украински дрон погоди една од најпрепознатливите згради во Чеченија
-

Уапсени двајца разбојници кои биле барани и со потерници поради бегство од затвор
-

Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare
-

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
-

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
