Со Кастел Волтурно, некогаш омиленото италијанско туристичко гратче, денеска владее нигериската мафија
Гратчето Кастел Волтурно, некогашен туристички рај во Италија што се наоѓа меѓу Рим и Неапол, стана центар на нигериската мафија во Европа, пишува Дојче Веле.
Градот оддалечен само два часа возење од Рим, некогаш познат како семеен туристички рај, денеска е центар на организираниот криминал и сиромаштијата. Денеска во него живеат бегалци од Африка, а властите кренаа раце од ова место.
Освен италијанската мафија, тука во последните годни се етаблира и нигериската.
Давиде, некогашен член на еден од нигериските кланови, а денеска доушник на полицијата, за Дојче веле изјави дека двете мафии, со различен етнички предзнак, многу добро се надополнуваат. Всушност, Камора овој град им го препушти на нигериските бандити.
– Кастел Волтурно е центар на нигериската мафија и единственото место каде што можете да живеете, а никој да не ве контролира. Овде можете да правите што сакате, а властите воопшто ништо да не дознаат, рече Давиде.
Нигеријците тука „вртат“ милиони од дрога и простутуција
Нигеријците овде „вртат“ милиони, пред сè, од шверцувана дрога и присилна проституција. Давиде бил еден од шверцерите на дрога. Патувал каде и да требало, од Еквадор, Малезија или Бразил, и во мали пакетчиња што ги голтал кокаинот го пренесувал во Италија. Во желудникот можело да му собере и до 1,2 килограм.
– Ако некој курир по доаѓањето во Италија и од некоја причина не можел кокаинот да го исфрли од стомакот, тогаш го врзувале и го оставале да умре. И потоа кокаинот му го ваделе од стомакот. Стоката била побитна од човекот. Човекот не вреди ништо, рече Давиде.
Мафијата ги зазема напуштените згради и во нив тргува со оружје, дрога и жени
Во Кастел Волтурно нигериската мафија има одврзани раце. Како и на други места во Италија, властите тешко се соочуваат со организираниот криминал. Мафијата ги зазема напуштените згради, што овде ги има во сè поголем број, и во нив тргува со сè и сешто: оружје, дрога, жени и девојчиња, кои ги присилува на проституција.
Нигериската мафија е формирана во Италија
Инаку, додава Дојче веле, се претпоставува дека нигериската мафија е формирана токму во Италија и тоа по урнекот на домашната Камора. Регрутацијата се врши меѓу бегалците, кои тука со години назназад доаѓаат по морски пат.
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години