Џет-Сет
4. May 2018 - 13:18

Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција

Грчката пејачка Елени Фуреира која оваа година ќе го претставува Кипар на Евровизија предизвика скандал во својата земја откако позираше на слика со претставникот на Албанија.

Елени објави фотографија на која вкрстила рацете со претставникот на Албанија, Евгент Бушпепа покажувајќи орел, националниот симбол на албанското знаме.

Фуреира по потекло е Албанка, а тоа со години го криеше од грчката јавност. Кога новинарите го откриле нејзиното потекло, таа во емисија на телевизијата Антена раскажала дека како мало девојче од Албанија отишла во Атина во потрага по подобар живот. Го променила името, а поради предрасуди и меѓудржавните спорови го криела своето потекло. Тогаш открила дека себе се смета за Гркинка, зашто Грција е земја која и дала „леб“ и и пружила безгрижно детство.

Бидејќи е голема поп ѕвезда во својата земја страстите бргу се смирија, но оваа фотографија по неколку години ги подгреа тензиите.

-На сликата ја гледате претставничката на Кипар, Албанка која пораснала благодарение на парите и гостопримството на Грците и нашата земја која и дала еднаквост со грчките деца, нивното образование и слобода…., е само еден од коментарите кои може да се видат на интернет.

Откако ја нападнаа на социјалните мрежи, Елени за грчки „Стар“ изјавила дека станува збор за симбол на земјата во која се родила и ништо повеќе од тоа.