Со енергетска ефикасност јакнење на капацитетите на општините
Работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“ ќе се одржи денеска во Домот на АРМ во Струмица, во организација на Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Проектот е техничка помош финансиран со грант од страна на Светска банка и има за цел да ги зајакне капацитетите на општините во Република Македонија за поефикасна употреба на енергијата, односно да ја подигне свеста за придобивките од финансирањето во мерките за енергетска ефикасност и јакнењето на општинските капацитети.
За време на настанот ќе бидат споделени резултатите од имплементацијата на проектот, научените лекции и предизвици.
На работилницата се очекува да присуствуваат градоначалниците на општините од Југоисточен плански регион, менаџерите за енергетска ефикасност, претставници на општините, граѓански организации, бизнис заедницата и граѓани. Обраќање и презентации на работилницата ќе имаат претставници од Светска банка, Агенцијата за енергетика, како и претставници на имплементаторите на проектот.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година