-->
-->
Со „Едно име имаме“ започна протестниот марш во Струмица
-->

Колоната ја предводи претседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и раководството на партијата.
Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално нив. Тој политикански модел се води од лични и партиски интереси.Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. премиеро лично ја води реформата на праводусниот систем додека во република Македонија се крши Уставот, се донесуваат порачани судски одлуки, партиски мотивиран прогон.
Видивме какви интриги користат органите за задолжени да обезбедат ред и поредок. немањето идеја како да се управува со економијата го води стопанството во крах. на сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваа незадоволството и очајот. Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата за лекарите, младите се иселуваат од земава додека нашиот регион доректно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. Затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“