Со дрон снимено местото на кое исчезна Данка | ВИДЕО
Потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) од Бор е снимена со дрон.
Како што се гледа на видеото кое вчера го објави порталот „ЗА Медиа“, на терен вчера имало багери кои го растоварале насобраното ѓубре од дворот на куќата каде последен пат било видено детето.
Возилата на полицијата и пожарникарите ротираа, едни заминуваа, а други доаѓаа, а од Данка немаше трага, пишува „Новости“.
Како засилување пристигнаа две специјалистички спасувачки екипи Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни состојби на МВР.
Екипите ги сочинуваа 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче спасител.
Полициските службеници вчера разговарале и со жителите на Бањско Поље и извршиле увид во нивните куќи.
Потрагата по Данка Илиќ (2) влезе во петтиот ден.
Данка Илиќ последен пат е видена во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.
Системот „Најди ме“ за прв пат е активиран во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronađime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Ново на Сител
-
Европратеници побараa дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск
-
Одложено е објавувањето на номинациите за Оскар поради разорните пожари во Лос Анџелес
-
Бројот на приговори за заштита на податоците не ја намалува нивната валидност, реши Европскиот суд на правдата
-
Девизните резерви надминаа пет милијарди евра
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка
-
МВР: Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава
-
Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји