Со брза реакција на полицијата пронајдено одземеното дете во Скопје
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.
Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.
Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури