-->
-->
Со берење бадникарски гранчиња започнаа подготовките за Бадник во Ранковце
-->
Со берење бадникарски гранчиња во месноста Ветуница во атарот на општина Ранковце попладнево, започнаа подготовките за прославата на Бадник во оваа општина, информира градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.
Традиција е на овој локалитет е во присуство на градоначалникот, дел од општинската администрација и месното население да бидат собрани бадникарски гранчиња кои утре во црквите во општината ќе им бидат поделени на верниците.
-Утре рано наутро, по литургијата, ќе ги даруваме коледарите кои ќе наминт во домовите и ќе посакаат бериќетна година, додека централнатана прослава на големиот христијански празник Бадник ќе се одржи во 16 часот на платото пред зградата на локалната самоуправа, каде во духот на христијанството годинашниот кум, среќникот кој минатата година ја пронајде паричката, Мирослав Додевски, ќе подготви лепчиња со паричка за сите присутни жители на општината, рече Тошевски.
Општината во координација со свештенството од Македонската православна црква- Кривопаланечко архиерејско намесништво ќе приреди и пригодна прослава, со топол чај и атмосфера на сплотеност во името на верата и добрината.
Вечерва симболично коледарски огнови беа запалени во селата Радибуш, Герман и Опила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит