Со „Б“ категорија возачите ќе можат да управуваат мотоцикли до 125 кубика, поднесен предлог закон

Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка од пратениците од мнозинството, поднесе предлог-закон за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка.
Со измените се предлага лицата кои поседуваат возачка дозвола од категорија „Б“ да можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“. Овие мотоцикли имаат зафатнина до 125 кубни сантиметри, моќност до 11 kW и сооднос на моќност/масa до 0,1 kW/кг.
Пратеникот Павле Арсовски изјави дека ова право ќе го имаат возачи кои се најмалку 23-годишни, имаат возачка дозвола од „Б“ категорија најмалку пет години и завршиле четиричасовна теоретска обука за безбедно управување со мотоцикли во автошкола. Дозволата ќе важи само на територијата на државата.
Министерот за внатрешни работи ќе ја одреди содржината на обуката, формата на потврдата и начинот на евиденција на издадените потврди во рок од 15 дена од стапувањето на сила на законот. Автошколите ќе бидат задолжени да издаваат потврда за завршена обука и да го известуваат МВР.
Арсовски нагласи дека целта на законската промена е да се поттикне поголема употреба на мотоцикли наместо автомобили при извршување на секојдневните обврски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
