-->
-->
Со „ауди“ удрил во „дукати“ на автопатот Скопје-Велес па побегнал - две лица се повредени
-->
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот