Македонија
24. December 2023 - 16:44

Со 200 тона товар се тестираше издржливоста на мостот „Беласица“

Годината завршува мостот „Беласица“ уште се тестира во каква состојба е за да биде целосно функционален за сообраќај. Од утрово 4 часа геодети вршеа мерења по кои ќе се знае во каква состојба е мостот. Преку соопштение ЈП улици и патишта известија дека поради градежни активности ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 12 часот. Но, наместо градежни активности на терен се правеа премери. Ниту еден од надлежните не беше во увид за да каже што по овие активности.

Екипите прво правеа мерења без товар дали има поместување од една до друга точка а потоа поставија 6 камиони полни со товар распоредени еднакво од двете страни. Тежината од 205 тони товар е отприлика она оптеретување кое го има мостот доколку е целосно исполнет со возила.

Ваков премер геодетите правеле и во јули на температури од околу 35 степени а по ова мерење ќе направат анализа на податоците по што ќе се знае во каква состојба е мостот.

Градоначалничката Арсовска вели ова се последните тестирања но не прецизираше кога ќе биде  пуштен мостот. Таа е задоволна од првичните  резултати.

Од ЕСМ последно не информираа дека биле завршени активностите но не кажаа  што точно работеле. Нови топловодни цевки се уште не се поставени иако тоа требаше да се случи пред почетокот на грејната сезона.