-->
-->
Сноуден сака да добие азил во Франција
-->
Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден изјави дека се надева дека Франција ќе му додели азил.Во интервју за француското радио „Франс ентер“ тој вели дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.
Британските медиуми пренесуваат дека делови од интервјуто на Сноуден се објавени на Твитер налогот на „Франс ентер“, но засега не е познато кога и каде интервјуто било направено.
Сноуден од 2103 година живее во Русија, кога ги објави тајните документи на американските разузнавачки агенции.
Британските медиуми наведуваат дека многумина Сноуден го сметаат за херој, но не и америкнските власти кои сакаат да го изведат пред суд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
