Свет
3. јуни 2018 - 21:13

Снимките од дрон го покажуваат целиот пекол: Вулканскиот кратер на Хаваи е со големина на 90 фудбалски игралишта, а опасноста од ерупции не е помината

Неверојатни снимки од дрон од Хаваите покажуваат каква штета направи вулканот Килауеа со своите моќни ерупции.

Околу кратерот Халемаума се чади, а тој покажува знаци дека наскоро може да се сруши.

Експертот Кајл Андерсон смета дека големо количество на камења кое е заглавено во кратерот би можело да предизвика уште поголеми експлозии.

Како што велат од Американскиот геолошки институт, експлозиите го прошириле вулканскиот кратер 10 пати во однос на неговата првобитна величина. Отворот сега е со големина од околу 485.000 квадратни метри, што е површина на околу 90 (американски) фудбалски терени.

Вулканот Кулауеа на Хаваи уништи повеќе од 80 домови.