Снимката откри: Џерард прв го удрил сопственикот на хотелот
Поранешниот капетан на англиската репрезентација Стивен Џерард, минатата година се степа со сопственик на хотел во Ливерпул. Тој тогаш тврдеше дека се бранел, но снимката покажа нешто друго.
Наводно тие се карале поради натпреварот Ливерпул-Олимпиакос, а Стивен Џерард (35) и неговите десет пријатели го следеле Лојд од кафулето. Одбраната на суд тврдеше дека фудбалерот се бранел од дивјачкиот напад на Лојд и се обидел да ја „смири“ ситуацијата.
Но снимката која ја објави „Сан“, покажа како десетина луѓе на чело со Џерард, Лојд го тепале добри десет минути и дека Џерард прв го удрил во главата. Во позадина, тепачката ја гледала и за сопругот „навивала“ и сопругата Алекс Каран(32), која стоела во предизвикувачки фустан и високи потпетици. Угостителот тврди дека животот му се уништил откако подигнал тужба.
- Добив смртни закани и ми го вандализираа локалот, рече Лојд. Судењето се уште трае, а снимката од надзорните камери би можела да ја урне одбраната на фудбалерот. Ова му е прва тепачка заради која заврши на суд.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер