Живот
14. January 2019 - 12:33

Снимката од суровата учителка го обиколи светот: Болното дете го влече низ ходникот, кутрото не можело да оди

Мајката на едно аутистично дете објави снимка која ја згрози јавноста во американската сојузна држава Кентаки.

Ејнџел Нелсон се шокирала кога ја видела снимката на која учителката Трина Абрамс низ школскиот ходник го влече нејзиниот 9-годишен син со дијагноза аутизам.

Учителката веднаш е отпуштена, а и почна и судењето под обвинение за напад од четврти степен за кое се изјасни дека не е виновна.

„Мојот син заслужува правда“, напиша мајката на Фејсбук каде ја објави потресната снимка.

На видеото се слуша како учителката го прашувал детето дали може да оди, а кога тој и одговара дека не може, таа продолжува да го влече по ходникот.