Снегот во Дебарско не предизвика проблеми, но се препорачува внимателно возење
По обилниот дожд и ветерот, снегот што во текот на ноќта наврна во дебарскиот регион не создаде некои поголеми проблеми. Ова го потврдуваат од дебарското подрачо одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, каде нема пријави за проблеми или штети.
Дебелината на снежната покривка во населените места е од 10 до 20 сантиметри, а на планините е повисока.
Според Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП „Македонија пат“, сите патни правци кои се под нејзина надлежност се проодни, но сообраќајот се одвива по влажни коловози, поради што се препорачува внимателно возење.
– Нашите екипи се постојано на терен. Снегот од коловозите е исчистен, сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на одделни места има остатоци од кашест снег. Поради тоа се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, изјави Лиманоски за МИА.
Додава дека дека секцијата располага со потребната колична на абразивен материјал.
Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата