Снегот ја парализира Западна Европа: Илјадници заглавени камиони и милионски штети
Обилни снежни врнежи паднаа во делови од западна Европа, предизвикувајќи значителни проблеми во сообраќајот, а Ајфеловата кула во Париз е привремено затворена.
Во сојузната покраина Баден-Виртемберг во Германија, службите реагираа на повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во последните 18 часа. Портпаролот на полицијата соопшти дека се повредени најмалку 30 лица, главно полесно, а штетата изнесува повеќе од еден милион евра.
Најпогодени градови биле Фрајбург и Констанц, каде полицијата учествувала во нешто помалку од 300 операции поврзани со временските услови во периодот од вчера попладне до изутринава, соопшти полицијата.
Во Франција, околу 1750 камиони заглавија на патиштата, особено во регионите Бургундија и Нормандија. Возачите кои ги игнорирале забраните за сообраќај поради временските услови беа принудени да преноќат во своите возила.
Поради снежните врнежи, 200.000 домаќинства во Франција останаа без струја, а железничкиот сообраќај е сериозно нарушен.
Ајфеловата кула во Париз е привремено затворена за посетители откако врз неа падна снег, што ретко се случува.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз