-->
-->
Снегот и лавините го парализираа животот во Авганистан
-->
Лавина во градот Херат, на крајниот запад од Авганистан, усмртила шест лица кога огромно количество снег се спуштило врз една куќа, јави аганцијата Анадолија .
Јајлани Фахрад, портпаролот на гувернерот на Херат, изјави дека веќе со денови во ова подрачје паѓа снег, заради што е парализиран сообраќајкот во речиси целиот град.
Тој додаде дека врз една куќа во Херат се урнало огромно количество снег и притоа погинале шест лица, по што локалните власти презеле итни мерки за расчистување на снегот.
Државната управа за заштита и спасување соопшти дека снегот постојано паѓа во вкупно 13 авганистански покраини.
Заради големите снежни врнежи е затворен и тунелот „Саланг“, што води кон главниот град Кабул, како и некои други патни правци.
На меѓународниот аеродром во Кабул доаѓа до повремени одложувања на летови заради снежните врнежи.
Метеоролошката станица во Кабул соопшти дека во некои делови на земјата снегот достигнал височина од еден метар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи