-->
-->
Снегот го отежнува сообраќајот
-->
Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка.Снегот засега не предизвикува проблеми во авиосообраќајот и во железничкиот превоз.
Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека се воведени забрани за камиони на премините Пресека, Стража, Буково, Ѓавато и преминот Барбадос на регионалниот пат Македонски Брод - Прилеп, на патиштата Маврово – Дебар, Струга – граничен премин Ќафасан, на магистралниот пат Крива Паланка - Деве Баир, на излезот од градот, како и на регионалниот пат Валандово - Дојран, каде кај крстосница Фурка има попреченост на товарно моторно возило. Во 08:45 часот изутрина укината е забраната за камиони преку Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
