Снегот доаѓа во Македонија - Погледнете како изгледа Шар Планина во моментов

Денеска го започнавме денот со облачно време низ земјава и температутра која воглавно е во границите од 8°С до 11°С низ котлините (УХМР). Слаб дожд е забележан само во шарскиот предел, пишува специјализираниот портал за временска прогнозаМетеоПро.
Денеска останува претежно облачното време до крајот на денот, Повремен дожд, особено попладне се очекува во западниот крај, пред се во северозападниот дел.
Во текот на ноќта и утринските часови од четврток нов бран на врнежи постепено ќе ја зафати целата територија на земјава..
Денеска низ котлините од западниот и северниот регион очекуваме максимална температура во границите од 13°С до 15°С, додека во југоисточниот крај од 16°С до 18°С.
Утрешниот ден ќе биде доста поврнежлив и посвеж. Очекуваме температура која во однос на среда ќе биде пониска за околу 4°С. Врнежите ќе ги имаме во текот на целиот ден, со тенденција тие генерално да слабеат во вечерните часови. Во однос на очекуваните количини, поголем воден талог се очекува во јужната половина од земјата, над 30 mm.
Повисоките планински врвови, оние со висина над 2200 метри, во шарско - корабскиот масив, како и масивот на Јакупица, очекуваат врнежи од снег, но без услови за поголема снежна покривка.
На системот на MaxTV може да се види моменталната состојба на Шар Планина. Густа магла и ниски температури кои создаваат услови вечерва да падне и првиот снег.

Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
