Балкан
8. January 2019 - 18:00

Снег завеа цело стадо, а потоа почна ситуацијата повлечи - потегни: Овчарите едвај ги извлекоа овците од снегот

Снежните врнежи можат да ги изненадат патарите, а во овој случај ги изненадија и овчарите.

Се се случи на планината Раштелица која се наоѓа во Босна и Херцеговина.

Снегот кој паѓаше претходните денови направи големи проблеми ширум регионот.

Неверојатната слика доаѓа од планина во БиХ, каде овците останале затрупани под длабокиот снег.

Луѓето едвај успеале да ги извлечат овците од снегот и да ги одведат на сигурно.