Снајперистите кои убиваа на Евро-Мајданот во Украина одамна ликвидирани!
На протестите на 20 Февруари 2014 во Киев, на демонстрантите беше пукано од страна на снајпери-припадници на Службата за Безбедност на Украина, за што има и докази за нарачка од страна на Викторија Нуланд, но досега сите тие се ликвидирани.
Ова го изјави шефот на меѓународното одделение на Министерството за одбрана на ДНР Владислав Бриг, повикувајќи се на информациите на службеници во СБУ лојални на Новорусија.
Според сознанијата на овој службеник, сите снајперисти кои пукале во грбот на евромајдановците и беркутовците, се веќе одамна мртви. Сите тие биле припадници на Службата за Безбедност на Украина (СБУ), а сите биле поприлично добро исплатени. Тие добиле голема сума на пари дури однапред за оваа задача, чија крајна цел била провоцирање на демонстрантите против актуелната власт.
“Тие добија пари. Сите добија пари. И тоа однапред им беа исплатени. Потоа беа советувани да се иселат од Киев. А, потоа ги ликвидираа еден по друг. Последниот, според моите сознанија е убиен во јули” – рекол изворот.

Ново на Сител
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати