Снајдер се враќа на терените

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е подготвен да ги следи стапките на неговиот поранешен соиграч Арјен Робен и да ја продолжи кариерата. Снајдер доби понуда од Утрехт и сè уште ја разгледува.
Триесет и шест-годишниот играч од средниот ред се откажа од фудбалот во август 2019 година, неговиот последен клуб беше катарскиот Ал-Гарафа. Тој претходно играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.
Снајдер стана шампион на Холандија, Шпанија, Италија и Турција. Најсилни години му беа со тимот на Интер, со кој, покрај титулата, во 2009 година освои два национални купа, еден супер куп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Тој има 134 натпревари и 30 голови за репрезентацијата на својата земја. Со „лалињата“ стигна до финалето на СП во 2010 и 2014 година.
Снајдер е роден во Утрехт, но никогаш не играше за тимот од родниот град.
Пред една недела, Арјен Робен, кој исто така се повлече во 2019 година, потпиша со Гронинген – клубот каде ја започна кариерата.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
