Македонија
12. March 2019 - 18:30

Смртоносната бактерија МРСА е откриена во градинка и училиште во Скопје

Четворица новозаразени со смртоносната бактерија МРСА се откриени во скопско училиште и градинка. Заразени се четири деца. 

Смртоносната бактерија МРСА е откриена во една градинка и основно училиште во Скопје при вонредна контрола.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) потврди дека од бактеријата МРСА има четворица заразени за кои веќе инспекцијата излегла на терен, но немаат пријава за бебиња родени во Чаир носители на бактеријата.