Свет
9. January 2017 - 10:58

Смртна казна за корупција разгледува Тајланд

Тајландски функционери кои ќе бидат осудени за дела за корупција за над една милијарда бати (28 милиони долари) може да бидат осудени на смрт. Тоа го предлага Националната комисија за реформи. 

Од сите 162 члена на таа комисија, 155 гласале за таа мерка. Се предвидува државни функционери кои ќе бидат проглaсени за виновни за корупција за помалку од една милијарда бати да добијат затворска казна од најмалку пет години.

Сега мерката треба да ја одобрат владата, парламентот и подоцна Уставна комисија.