СМО: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата

Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат, покажуваат најновите научни податоци на Светската метеоролошка организација (СМО), објавени во пресрет на климатскиот самит на ОН во Њујорк.
Анализата на Метеоролошката организација предупредува дека петгодишниот период од 2014 до 2019 година беше најтопол во историјата на мерењата.
Во истиот период значително е зголемено нивото на морињата, а рекорд достигна испуштањето на јаглероден диоксид (CO2).
СМО истакнува дека веднаш треба да се интензивираат напорите за намалување за испуштање на тој гас во атмосферата.
Глобалните температури од 1850 година се зголемени за 1,1 степен Целзиусов, а само во периодот од 2011 до 2015 година за 0,2 степена.
Сепак, најмногу загрижува порастот на нивото на морињата кој од 1993 година до денес просечно изнесува 3,2 милиметри годишно. Просечно во десетгодишниот период од 2007 до 2016 година изнесуваше околу четири милиметри.
Според студијата, глобалното затоплување предизвикано од човечко дејствување влијае на обемот и интензитетот на екстремните временски настани како што се топлинските бранови и шумските пожари.
Целта на извештајот на СМО е да ги информира учесниците на климатскиот самит на ОН, кој се одржува денеска во Њујорк.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
