СМК повика за семакедонско помирување и обединување
Светскиот македонски конгрес (СМК) денеска во Скопје упати повик за семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на македонската нација и ги обнови барањата за безусловен крај на разговорите за името со владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото државно и историско име Македонија.
На отворањето на 26. Генералното собрание во Музејот на ВМРО претседателот Тодор Петров повика и покрај сите разлики меѓу Македонците никогаш да не се заборави дека и кога сме противници не сме непријатели и кога различно мислиме не смееме да се мразиме, како и дека само Македонија е нашиот единствен заеднички именител и содржател.
- Никогаш да не заборавиме дека името на македонската држава се состои само од еден единствен збор, зборот Македонија од секогаш, за секогаш. Името на државата е идентитетот на нацијата. Промената на името на државата претставува трајна промена на името на македонскиот народ и на името на македонскиот јазик. Промената на името претставува злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ, кривично дело велепредавство и кршење на Уставот и меѓународното право, рече Петров.
СМК, продолжи тој, отфрла членство во ЕУ и НАТО со промена на името на државата и побара репатријација, реституција и реконсилијација, безусловен прием на македонско државјанство за сите Македонци по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година.
- Македонија е суверена држава. Македонците се суверена нација. Македонија е одржлива демократија. СМК подава рака на обединување и демистификација на сите злоупотреби на верата заради денационализација, рече Петров.
Со едноминутно молчење СМК им оддаде почит на жртвите во поплавите во Скопје. СМК потсети дека Македонците и македонските заедници во светот секогаш биле хумани и солидарни со своите сонародници и во санацијата на штетите во татковината при секоја вонредна состојба. Исто така, изрази благодарност до сите Македонци и македонски заедници кои се вклучија во материјално финансиската помош за настраданите во поплавите во Скопје.
СМК повика за крај на политичката криза во Македонија во институциите на системот преку избори и отфрли меѓународна арбитража за внатрешните проблеми.
На 14 август 2016 година (недела) во дворот на црквата Свети Спас под Калето со почеток во 10:00 часот ќе биде одржана панихида за сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија, комеморација за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо во 1948-1949 година, и одбележување на 123 години од формирањето на ВМРО во Солун во 1893, 117 години од формирањето на Македонскиот конгрес во Женева во 1899, 113 години од Илинденското востание во Крушево во 1903, 103 години од поделбата на Македонија со Договорот во Букурешт во 1913, 72 години од АСНОМ во манастирот „Свети Отец Прохор Пчињски“ во 1944, и 67 години од крајот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949, информира СМК.
Ново на Сител
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа