Службеното возило на Хашим Тачи учесник во сообраќајка на патот Приштина - Пеќ
Сообраќајна несреќа, во која беше вклучена и придружбата од протоколот на косовскиот претседател Хашим Тачи, се случи попладнево на магистралниот пат Приштина-Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веднаш по сообраќајката се огласи кабинетот на Тачи, кој сопшти дека ниеден инволвиран во синџирестиот судир не е повреден.
- Придружабата на претседателот на Република Косово. Хашим Тачи, денеска беше вклучена во синџирест судир во Коморан, кај Дренас (Глоговац). Во несреќата, освен што е предизвикана материјална штета, нема повредени. По деблокирањето на сообраќајот, претседателот Тачи продолжи со дневната агенда, се вели во соопштението.
Очевидци од местото на настанот, кои испратија и фотографии до некои од медиумите, јавија дека видливо е оштетено единствено возилото „БМВ Х5“ од придружбата на Тачи. Од сликите на читателите, кои ги објави интернет порталот Kallxo.com, може да се види дека сообраќајката предизвика долги колони на двете страни од магистралниот пат.
Ново на Сител
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи