Службената Влада на Грција ќе положи свечена заклетва

Министрите од службената и привремена Влада на Грција, денеска ќе положат свечена заклетва во Претседателската палата во Атина, по што ќе следи и примо – предавање на функциите во Министерствата, јави дописничката на МИА од Атина.
Новата Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата премиер дојде претседателот на Судот на ревизори Јоанис Сармас
Почесниот амбасадор Василис Каскарелис, кој е поранешен постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, но и поранешен амбасадор во САД ќе биде министер за надворешни работи на Грција
Поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис,
Новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис е новиот владин портпарол.
Привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, вчера положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.
Мицотакис му предаде обемен материјал со, како што рече, клучни и корисни податоци за поврзани со работата на Владата и функцијата на државата.
-Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви предадам прилично обемен коверт кој вклучува низа податоци кои верувам дека ќе ви бидат корисни, како што се збирна презентација на функциите и резултатите од претседавањето со Владата, спроведениот план на владината политика за 2023 година, детална белешка за меѓународните обврски на земјата, како и критичните оперативни датуми од следниот квартал како и годишните акциони планови на министерствата, објасни Мицотакис.
Привремениот премиер на Грција истакна дека неговата Влада има надлежност да се спроведат законите до одржувањето на новите избори.
-Оваа Влада ќе биде службена влада, која секако ќе ги има сите овластувања, но само овластувањата да го спроведува законот додека овде, во Премиерската пала, не се врати оној кој ќе произлезе од волјата на народот. Привремениот премиер, врховен судија, многу добро знае дека тоа е само за организирање на изборите и за продолжување на функционирањето на извршната функција на државата,без да има прекин, истакна Сармас.
По изборите во неделата, ниту една од партиите не го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за формирање Влада, а откако беа исцрпени сите уставни одредби беше формирана службена Влада која има една и единствена цел, да ја одведе Грција на нови избори закажани за 25 јуни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
