Службата за спасување во Велес доби нова опрема

Службата за спасување во Општина Велес, која дејствува при елементарни непогоди пред се поплави, доби нова опрема - два гумени чамци за вода со мотор, пили, секири, ортоми. Службата е составена од пожарникари од ППЕ од Велес и спасители на вода од ОО на Црвен крст.
Како што појасни на денешната прес конференција Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес, со новата опрема во многу ќе се забрза работата на Службата за спасување при поплави и слични непогоди како што беа во изминатата и оваа година.
- Со новата опрема ќе може подобро да се дејствува во сите случаи кога е неопходна брза интервенција за спасување на човечки животи при елементарни непогоди. Воедно ќе помагаме и при елементарни непогоди на населението од соседните општини, потецира Лепидовски.
Градоначалникот Славчо Чадиев информира дека Општина Велес за оваа намена од општинскиот буџет издвоила околу 330 илјади денари. Финансиски и понатаму ќе ја опремува Службата за спасување со опрема, како и со мотори за извлекување на вода, со елеци за спасување и друга неопходна опрема за спасување и делување на оваа служба.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
