Словенија поради Омикрон не планира да ги олабави мерките за време на претстојните празници
Во Словенија бројот на новозаразени лица продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани исто така се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишните празници поради сојот Омикрон на коронавирусот.
– Следните денови и недели сигурно нема да има опуштање, туку дополнителни мерки, изјави денеска министерот за здравство Јанез Поклукар, додавајќи дека Владата се уште не одлучила кои активности ќе бидат дозволени за време на празниците.
Тој рече дека Владата минатата недела ја почнала расправата за ограничување на одредени активности и ќе ја заврши до крајот на годинава.
– Ќе треба да ги споредиме и балансираме мерките, како во Словенија, така и меѓу членките на ЕУ, додаде Поклукар.
Министерот предупреди дека во Словенија досега се потврдени околу 20 случаи на инфекција со Омикрон, а речиси стотина луѓе поради тоа се наоѓаат во карантин.
Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 585 нови инфекции, а девет пациенти починале. Продолжува благ тренд на смирување на епидемијата, а првпат од 3 ноември бројот на хоспитализирани се намали на помалку од 700, соопшти денеска словенечката Влада.
Во рамки на започнатата акција за побрза вакцинација, која ќе трае до четврток, 62 пункта за имунизација работат цел ден, додека дел од центрите се отворени и ноќе.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата