Словенија не размислува за воведување контроли на границата со Хрватска
Словенечката Влада не размислува за воведување гранични контроли со Хрватска и покрај големиот пораст на илегални влегувања на мигранти, изјави денеска словенечкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи Марко Штуцин.
„Во овој момент Владата не размислува за воведување контроли на границата со Хрватска, иако Шенгенскиот кодекс тоа го овозможува“, изјави Штуцин за словенечките новинари по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи во Брисел.
Тој посочи дека Хрватска треба да направи се што може за да го ограничи бројот на илегални влегувања, како и земјите од Западен Балкан преку кои доаѓаат мигрантите.
Словенечката полиција соопшти дека од почетокот на оваа година, кога Хрватска влезе во Шенген зоната, значително е зголемен бројот на илегални преминувања на границата.
Од почетокот на годинава до крајот на август полицијата евидентирала 36.137 нелегални влегувања, додека во истиот период минатата година имало 13.601.
Ново на Сител
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит