Словенија ја презеде зградата на Амбасадата во Работ
Словенија, како една од шесте земји наследнички на поранешната СФРЈ, ја презеде зградата на Амбасадата во мароканскиот град Рабат, која и припаѓа со договорот за сукцесија.
Објектот вчера беше формално предаден на Министерството за надворешни работи на Словенија, а го презеде државниот секретар во тој ресор Станислав Видович од амбасадорката на Србија во Мароко Слаѓана Прице, соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија.
Официјална Љубљана зградата на амбасадата ја доби согласно договорот за поделба на дипломатскиот имот, кој го потпишаа државите наследнички на СФРЈ, пренесува СТА.
Претходно годинава, согласно договорот, Словенија веќе презеде две згради во Бразил, односно во Бразилија и во Сао Паоло. На Словенија и припаднаа и објектите во Танзанија и Мали.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?