-->
-->
Словенија го елиминира светскиот првак Полска
-->

Одбојкарската селекција на Словенија успеа во четвртфиналето на Европското првенство да направи изненадување и да ја елиминира селекцијата на светскиот шампион Полска. Во четвртфиналето Словенија славеше победа со 3:2 во сетови. Инаку, во текот на летото Словенија победи во Европската лига откако во финалето ја победи Македонија.
На другите дуели ко-домаќините на европскиот шампионат Бугарија и Италија постигнаа победи. Бугарија ја победи Германија со 3:0, а Италија беше поуспешна од Русија со истиот резултат.
Актуелниот освојувач на Светската лига Франција со 3:1 ја совлада Србија.
Во полуфиналето кое ќе се игра во Софија во сабота ќе играат: Бугарија - Франција и Италија - Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
