Словенечкиот премиер Миро Церар пред Ангела Меркел го претстави предлогот за гранична контрола
Премиерот на Словенија Миро Церар денеска во Берлин пред германскиот канцелар Ангела Меркел го претстави словенечкиот предлог за подобрување на граничната контрола во врска со бегалската криза, соопшти Танјуг.
- Ако овој проблем не биде решен наскоро, Европската унија ќе биде исправена пред сериозна криза која може да доведе до изградба на нови ѕидови меѓу членките на ЕУ и дезинтеграција на Унијата, предупреди Церар по средбата со Меркел.
Својот предлог за подобрување на граничната контрола на балканскиот миграциски пат Словенија ќе го испрати и на други лидери од ЕУ во следните неколку денови, јави словенечката агенција СТА.
Словенечкиот премиер објасни дека овој план има за цел да обезбеди ефикасен пристап за решавање на миграциската криза на балканската и централноевропска миграциска рута. Тој повтори дека неуспехот на ЕУ да пронајде ефикасен заеднички одговор на кризата се заканува на единството на Унијата.
Церар рече дека канцеларката Меркел го дели мислењето дека Европа треба да продолжи да бараа заеднички одговор на кризата и дека проблемот треба да се реши во основата, а надворешните граници на ЕУ треба да бидат подобро заштитени.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома
-
Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
-
Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД
-
Без струја делови од четири скопски општини
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење